речник контакт

Распишан конкурсот за упис ученици во средни училишта за учебната 2016 -17 година

Во Велес 32 паралелки а има место за 1088 ученика, плус две во спортската академија за фудбал и ракомет

Петар Печков

Министерството за образование го распиша конкурсот  за за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2016/2017 година. 

Гимназија ,,Кочо Рацин,, во прва година ќе се запишат 238 ученици во 7 паралелки (204 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:  Гимназиско образование - 238 ученици, 7 паралелки. Истурени паралелки во состав на државното средно училиште Спортска академија има во Гимназија „Кочо Рацин” за  фудбал и ракомет.

Во Економското Јовче Тесличков  во прва година ќе се запишат 204 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за: Економско - правна и трговска струка - 204 ученици, 6 паралелки

Во Коле Неделковски во прва година ќе се запишат 408 ученици во 12 паралелки (340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за: Машинска струка – 170 ученици, 5 паралелки, Машинска струка – 170 ученици, 5 паралелки, Сообраќајна струка - 34 ученици, 1 паралелка, Угостителско - туристичка струка - 34 ученици, 1 паралелка,

Во Хемиското училиште ,,Димитрија Чупоски,, во прва година ќе се запишат 238 ученици во 7 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за: Хемиско - технолошка струка - 102 ученици, 3 паралелки, Здравствена струка - 102 ученици, 3 паралелки, Лични услуги - 34 ученици, 1 паралелка.

Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 28 и 29 јуни 2016 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2016 година. 

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 4 јули 2016 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 6 јули 2016 година. 

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 24 август 2016 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 25 август 2016 година.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »