речник контакт

Распишан е тендерот со кој ќе се уредува центарот на градот, за негов нов лик (фото)

Средствата во висина од 750 илјади евра се грант од ЕУ. Ќе се уредуваат два кружени тека и ќе има промена на режимот на сообраќај на три улици од центарот

Петар Печков

 Општина Велес го распиша тендерот со кој се бара изведувач на уредување на центарот на градот.  Со него се предвидува  изградба на кружен тек 1, изградба на кружен тек 2, реконструкција на централна улица 8 Септември и изградба на уличен систем и атмосферска канализација,  инсталација и поставување на енергетско ефикасно улично осветлување. Вредноста на овој проект е околу 750 илјади евра. Крајниот рок за доставување на понудите е 19 мај годинаа, до  16 часот.
 

Со овој проект предвидено е улицата 8 Септември од Сармаале до споменикот Коњаник да биде затворена за сообраќај,  улицата Архиепископ Михаил да биде еднонасочна а улицата Гоце Делчев да биде двонасочна, да се гради кружен тек  на крстосница 8 септември,  ул. Архиепископ Михаил и ул. Гоце Делчев, како и обнова на постојниот  кружени тек во центарот.   

Тендерот се објавува во рамки на Проект „Паметни решенија Велес – продолжуваме“ според договорот со ИПА  склучен во 2021 година,  помеѓу Општина Велес, како водечки апликант во проектот, СЕГ Холдинг како партнер и Европската Комисија во рамки на Програмата ИПА 2020 – “Програма за поддршка на општините”.

Со средства од ЕУ се уредува „Европската куќа“ во зградата на киното, се преуредува поранешната народна кујна, во хаб за млади, треба да почне да се гради кејот на реката Вардар и да се откочи преоктот за изградба на пречистителна станица и колекторски систем за отпадните води од Велес, вреден 24 милиони евра.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »