речник контакт

Распишан конкурсот за стипендии за талентирани ученици и студенти

Годинава локалната власт ќе додели вкупно 20 стипендии, четири повеќе од лани

Петар Печков

Распишан е конкурсот за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2016/2017 година.  Општина Велес  годинава ќе додели по десет стипендии за ученици и студенти.  Стипендиите на талентирани ученици се однесуваат за  III-IV година во средно образование и е во висина од 1.500 денари месечно , а се исплатува девет  месеци во годината.

Стипендиите за талентирани студенти се за кандидати  со  завршена најмалку една година од студиите во високото образование, е во висина од 2.000 денари месечно , а се исплатува  девет месеци во годината. Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Македонија но да се жители на Општина Велес.  

Потребно е кандидатите да ги исполнуваат следните услови: да се редовни ученици од средно образование со континуиран одличен успех, кои освоиле I награда на државни натпревари или I, II, или III награда на меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот. Редовните студенти да се со континуирано студирање, даосвоиле I награда на државни или I, II, или III награда на меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот при што приоритет имаат кандидатите кои освоиле повисока награда, а кои во претходните години на студии постигнале просечен успех од 9,00 и над.

 Рокот за поднесување на документите е до 17-ти ноември 2016 година. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »