речник контакт

Распишан конкурсот за упис во прва година средно, во Гимназија две паралелки на албански

Министерството за образование го распиша конкурсот за упис во прва година во средните училишта, законска обврска која од минатата година е задолжителна.

Петар Печков

Министерството за образование го распиша конкурсот за упис во прва година во средните училишта, законска  обврска која од минатата година  е задолжителна.

Во четирите средни училишта во Велес ќе се запишат вкупно 1054 ученика во 28  паралелки.

Во Гимназијата „Кочо Рацин“ предвидено е да стартуваат девет парлелки, од кои 7 се на македонски јазик со 238 ученика и 2 на албански јазик со 68 ученика а минимум потреби поени за упис е 60.

Во Економското училиште „Јовче Тесличков“ во прва година ќе се запишат 170 ученика во пет паралелки со минимум 60 потребни бодови. Во струката економски техничар во три класа ќе има 102 ученика, додека во струките деловен секретар  и техничар за трговија и маркетинг ќе има по еден клас со по 34 ученика.

Во „Коле Неделковски“ во прва година ќе се запишат 340 ученика во 10 паралелки, од нив во машинска струка во 4 паралелки ќе има 136 ученика, во електро струката ќе има 5 класа со 170 ученици, додека во сообраќајна струка една паралелка со 34 ученика. Во машинска струка ќе бидат запишани во по една паралелка со по 34 ученика машински техничар, машинско-енергетски техничар, автотехничар-мехатроничар ка е за упис е потребно по 47 поени минимум и автомеханичар- машинобравар за трет степен образовение со минимум 30 бодови. Во електро струката во два класа  ќе има 68 места за електротехничар за комјутерска техника и автоматика каде се потребни  минимум 60 поени, по еден клас со по 34 ученика  ќе има за електротехничар за електроника и телекомуникации со потребни минимум 56 поени, електротехничар енергетичар со минимум потребни 51 поен и за трет степен образовение електроинсталетер монтер со минимум потребни 30 поени. Новина е во сообраќајната струка техничар за транспорт и шпедиција со потребни минимум 60 поени.

Во Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ во 7 паралелки ќе се запишат 238 ученика. Во хемиско-технолошка насока ќе има три паралелки: хемиско технолошки техничар со 34 ученика и потребни минимум 50 поени и две паралелки со три години образование преработувач на месо и млеко како и произведувач на градежни материјали каде за упис во прва година се потребни по минимум 30 поени. Во здравствената струка ќе има три паралелки со по 34 ученика каде ќе има највисок праг за упис 70 поени, за медицински лаборантски техничар, физотерапевт, и за фармацевтски лаборантски техничар. Во третата струка, лични услуги ќе се запише една паралелка со 34 ученика за козметичар со минимум 50 потребни поени.

Првиот уписен рок е на 17ти и 18-ти јуни а резултатите ќе бидат објавени на 19-ти јуни. Квалификационото тестирање за оние струки каде има поголем број на ученици со исти бодови ќе се одржи на 24-ту јуни а езултатите од полагањето ќе бидат објавени следниот ден.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »