речник контакт

Распоред на Богослужбите за Велигденските празници и за Источен Петок Балаклија

Годинава за прв пат ќе има вечерна богослужба и во црквата Св. Кирил и Методиј, започнува во 23 ч.

Петар Печков

Распоред за Богослужбите за велигденските празници, сабота вечер и недела наутро, како и за Источен Петок Балаклија. Информацијата е преземена од официјалниот сајт на Повардарска Епархија на МПЦ - ОА 

 07.04. 2018 година (ВЕЛИКА САБОТА - ВЕЧЕР) ВЕЛИГДЕН - Златоустова Литургија во црквите „Св. Кирил и Методиј“, „Вознесение Христово“(св. Спас) и „Св. вмч. Пантелејмон“ каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, сите започнуваат  со почеток во 23.00 часот;

08.04. 2018 година ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - ВЕЛИГДЕН - Златоустова Литургија во црквата „Св. Богородица“ со почеток во 7.30 часот и Вечерна служба на Второ Воскресение - читање на Воскресенското Евангелие на разни јазици во црквата „Св. Кирил и Методиј“ каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 9 часот;

12.04. 2018 година - СВЕТОЛ ЧЕТВРТОК - Воскресенска вечерна богослужба во манастирот „Св. вмч. Димитриј“ каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 18 часот;

13.04. 2018 година - ИСТОЧЕН ПЕТОК - БАЛАКЛИЈА - Златоустова Литургија во манастирот „Св. вмч. Димитриј“ каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел со почеток во 8  часот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »