речник контакт

Распоред на работни саботи до крајот на учебната година

До крајот на учебната 2017/8 година ќе одработуваат уште три саботи, односно вкупно по две во секое полугодие

Петар Печков

Денешната работна сабота нема да биде единствената за основците и средношколците во претстојната учебна година. Освен денеска, учениците до крајот на учебната година ќе одработуваат уште три саботи, односно вкупно по две во секое полугодие.

Според одлуката на Министерството за образование и наука (МОН) објавена во „Службен весник“, до почетокот на зимскиот распуст, основните и средните училишта ќе држат настава и во сабота на 11 ноември според распоред од среда. Во второто полугодие работни саботи ќе бидат на 17 март кога ќе се држат часови по распоред од петок и 14 април исто така со распоред од петок.

Учениците и родителите се збунети од одлуката на МОН да се одработуваат денови во саботите. Дел од нив го поврзаа денешното одржување настава со тоа што почетокот на школската година беше пролонгиран за 4 септември, наместо да почне на 1 септември.

Од МОН објаснуваат дека денешниот работен ден не е замена за 1 септември.

Законски и во согласност со наставната година, во оваа учебна година мора да има 180 работни денови. Бидејќи годинава зимскиот распуст ќе почне на 30 декември и ќе трае до 21 јануари, а летниот ќе почне на 9 јуни и ќе трае до 31 август, ќе мора да се одработат четири саботи – по две во секое полугодие – велат од МОН.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »