речник контакт

Распределени хуманитарните пакети од УСАИД по руралните средини во велешко

Им се помага на граѓаните и семејствата кои се најпогодени од економската криза предизвикана од вирусот ковид- 19. Пакетите со храна и хигиенски средства ги делат волонтери на ОО на Црвен крст Велес

Петар Печков

Продолжува распределбата на хуманитарна помош за социјално ранливите категории која е донација од УСАИД. Волонтерите на Општинската организација на Црвен крст Велес  на семејствата од ризичната група  доделуваат по еден пакет со храна и еден пакет со средства за хигиена. УСАИД обезбеди 198 пакети со прехранбени  производи и со средства за лична хигиена.   Им се помага на граѓаните и семејствата кои се најпогодени од економската криза  предизвикана од вирусот ковид- 19.


Досега се поделени по 91 пакет од храната и од хигиенските средства и тоа во руралните средини. Ги поделиме според листата добиена од Министерството за труд и социјална политика. Од понеделник продолжуваме со распределбата пакетите во градот - изјави Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес.  

Досега биле посетени Бузалково, Горно Оризари, Башино село, Отовица, Чолошево, Сливник, Црквино,  Мелница, Долно и Горно Јаболчиште, остануваат уште пакетите за Рудник, Иванковци. Во хуманитарната акција е вклучена и  Територијалната противпожарна единица.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »