речник контакт

Расте бројката на хоспитализирани пациенти со ковид-19 во велешка Болница, денес двајца починати

Нови 39 заразени со корона вирус

Петар Печков

Во велешко има 39 ново регистрирани случаи со ковид-19 а оздравени се 35, објави Министерството за здравство. Со ова бројката на активни случаи во велешко е 652 а досега биле заразени  4.418 лица.

Расте бројот на лица позитивни или сомнителни на ковид-19, кои   се хоспитализирани во велешка Болница, денес има 81. На Инфективно одделение се  51, на Интерно 15 и во Модуларна болница исто така 15.  Од лежечките   пациенти  63 се потврдени позитивни, седум се  сомнителни  и 11 пациент со негативен брис но задржан на болничко лекување.

Починат e еден  пациент нa 78 годишна возраст од Велес, позитивен, лекуван на инфективно одделение три  дена. Испишани се четири  пациенти како оздравени со по еден негативен тест. На кислородна поддршка се 34 пациенти - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.  На Клиниките во Скопје во текот на вчерашниот ден почината е велешанка на 59 годишна возраст, позитивна на ковид-19.  Со ова бројката на починати лица, од последиците на корона вирусот во велешко, достигана до 136.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »