Петар Печков
Објавено: вторник, 09 јуни 2020
СВР Велес ги изнесе во јавноста податоците за тоа колку граѓаните ги почитуваат мерките на Владата, но и колку лица се во изолација и самоизолација.
Изминатото деноноќие има 20 нови регистрирани лица со Решениe за изолација во Велес а со Изјава за самоизолација има три нови лица во Велес. Вкупно со Решение во изолација има 90 (вчера беа 67) во Велес а со Изјава за самоизолација има вкупно 33 во Велес. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки. Во овој период за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се десет лица во Велес - информираше во писменото соопштение Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Tweet |