речник контакт

Расте бројот на пациенти кои се на кислородна подршка, едно лице позитивно на ковид-19 починато

Денес среда има регистрирано нови 24 позитивни на ковид-19 во велешко, во Болница се згрижени 46 пациенти

Петар Печков

И денес среда, повисок број на хоспитализирани во велешка Болница , позитивни или сомнителни на ковид-19. Според информацијата од оваа здравствена институција,бројката  изнесува 46 пациенти, од  вкупниот број  39 се сместени на Инфективно одделение и седуммина  на Интерно.

Од  лежечките пациенти  34 се потврдено позитивни, по  шестмина се  сомнителни и исто толку  се со негативен тест но задржани на болничко лекување.  На кислородна поддршка се 20  пациенти.

Од велешка Болница информираа дека кај нив е починат е пациент на 56 годишна возраст, од Горно Оризари, позитивен , лекуван на инфективно одделение еден ден. Тој е 115 жртва на ковид заразата во велешко.  Во текот на вчерашниот ден- еден пациент е транспортиран за Скопје во Приватна Болница - СИСТИНА.

Билтенот на Министерството за здравство за денес, среда   во велешко има нови  24  лица  заразени со ковид-19 и 12  пациенти се оздравени.   Со тоа активни се 247  случаи  а досега се заразени 3.615 лица. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »