речник контакт

Рахилка им подлегна на повредите

Обвинителството со дополнителни информации

Петар Печков

Рахилка Темелкова (63 год) им подлегнала на тешките повреди кои ги здоби од напаѓачот соседот  И.Ј. ( 66 год) на пладне во близина на зградата на СИЗ-от,  во Велес. За ова со официјално соопштени излезе велешкото јавно обвинителство.  Таа според хирургот д-р Влатко Вишинов била удрена со тапиот и остриот дел од  секира во пределот на главата.

Сосед на сега починатата најпрвин вербално со закани ја нападнал неа и нејзините син и снаа. Откако осомничениот тргнал кон нив со себе носејќи земјоделска алатка и нож, оштетените влегле во нивната куќа и се заклучиле. Осомничениот ги продолжил своите намери и кршејќи ја влезната врата веднаш ја нападнал сосетката нанесувајќи и тешки телесни повреди. Синот и снаата се обиделе да и помогнат, но и тие биле нападнати и тешко повредени од страна на сторителот. Поради здобиени тешки телесни повреди, жената била однесена во ЈЗУ Општа болница во Велес, а од таму во Клиничкиот центар во Скопје, но им подлегнала на повредите – информираа од ОЈО Велес.

Вршејќи увид на лице место, надлежен обвинител од ОЈО  – Велес наредил прибирање на сите траги од лице место, одземање и натамошно вештачење на оружјето со кое е извршено кривичното дело, дадена е и наредба за вршење обдукција на телото на починатата.

Дејствијата преземени од страна на обвинителството продолжуваат во насока на расветлување на фактите во предметот.

Инцидентот се случи околу 11ч. во семејниот дом на Темелкови, на улица Методија Андонов Ченто бр.22. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »