речник контакт

Рациновите средби годинава во знак на македонско - хрватското пријателство

Оваа година се одбележуваат 75 години од издавањето на Бели Мугри во Самобор

Петар Печков

        Годинашните 51  Рацинови средби ќе се одржат во Велес во  средината  на наредниот месец, на денот на погибјето на поетот  на 13 и 14 јуни. Оваа година  ќе бидат во знакот на македонско- хрватското пријателство а повод е 75 годишнината од  издавањето на Белите мугри, настан кој се случи во Хрватскиот град Самобор. 

На 12 јуни вечер пред  почетокот на Рациновите средби концерт ќе одржи култниот хрватскиот  етно состав ,,Езерки,, и ансамблот 7/8 кои ја негуваат, пеат и свират македонската изворна песна.  Групата ја сочинуваат Македонци и Хрвати кои живеат во Хрватска. 

На централната манифестација  на вечерта на доделувањето на наградите, годинава е предвиден поетски настап на хрватски поети а ќе се издаде и книгата ,,Бели мугри,, со македонско- хрватски препев.

Годинашните Рацинови средби се многу различи од сите досегашни, што досега се одржуваа. Причина за тоа е што се одбележува голем и значаен јубилеј 75 години  од издавањето на Бели Мугри во хрватскиот град Самобор. Со повеќе нови содржини планираме да ја разбудиме љубопитноста на јавноста, како до Велес така и од Македонија  за таа да присуствува на манифестацијата. Како што заслужува Рацин – изјави Катица Чадиева  задолжена за културата во локалната самоуправа на општина  Велес. 

Познато е дека поетеса и издавач Тања Ступар Трифуновиќ  од БиХ е  добитник на Почесното Рациново признание за посебен придонес за популаризација на македонската литература и култура  во светот. За Рациново признание на конкурсот биле пријавени   22 наслови од 12 издавачи. Една седмица пред почетокот на манифестацијата секој вечер по велешките кафулиња ќе се делат пораки со љубовна поезија од Рацин и ќе се емитуваат  негови стиховите.

Илјада свеќи за Рацин е процесија во режија на  актерот Васил Зафирчев,  која ќе се случи на 13 јуни вечерта. Започнува од Малото Мовче,  преку Градскиот саат, двата споменика на Рацин, муралот со неговата поезија за да заврши со  централната манифестација, во Младинскиот парк. Нема да има меѓународен поетеси митинг, туку вечер на Хрватска поезија со поети кој ги обезбедува амбасадата на оваа земја. Ќе има врачување на добитниците на Рациновите признанија.

Во кафулињата во близина на овој простор  младите македонски  поети  вечерта ќе читаат нивна поезија . Следниот ден гостите возрасни  поети, ќе започнат со засадување на дрвја садници во паркот на Спомен Костурницата  со формирање на Рацинова шума со што ќе се оплеменува просторот.

Внатре во споменикот ќе има  и поетски митинг со македонски поети. Од стандардните содржини предвиден е и симпозиум, грнчарска работилница, изложба на грнчарски производи.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »