речник контакт

Рациновото признание за Русјаков и романот „Хотел помеѓу две војни“

Наградата му беше врачена на отворањето на 59-тите Рацинови средби.Bо романот главните јунаци се балканските Ромео и Јулија – Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте

Петар Печков

Вчеравечер на отворањето на 59-тите Рацинови средби,  беше врачена наградата на  годинешен добитник Рациново признание, Александар Русјаков за неговиот роман  „Хотел помеѓу две војни“.  Тој ја доби ова награда во конкуренција на 22 дела, колку биле пријавени.

Жирито  делото го  толкува како  експериментален хибрид од љубовен, псевдоисториски и фантастичен роман во кој главните протагонисти се најпрепознатливите балкански Ромео и Јулија – Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте, во главниот дел од приказната и Елени Каринте и Никифор Гермијан, во паралелниот дел од споредната приказна.

„Голема чест ми е што ја добивам оваа награда, што за мене многу значи. Името на наградата е на нашиот генијален поет Кочо Рацин. Претходно за оваа книга добив признание „Пегаз“ за необјавен роман. Ова е роман за животот после смртта, тоа е  хотел со поглед на Македонија. Не сум јас тој кој треба да зборува за романот, оставам на читателите сами да си донесат своја оценка, откако ќе го прочитаат“ - кажа Русјаков.   

Наградата му беше врачена на отворањето на 59-тите Рацинови средби во Велес.  Авторот наградата  ја посвети на неговата мајка, која е почината а го родила токму во градот на Рацин, Велес.  Книгата е издадена од „Арс ламина“. Жирито во состав  Јасминка Делова- Силјанова, Снежана Петрова- Џамбазова и Маја Апостолска едногласно се одлучиле за романот на Русјаков „Хотел помеѓу две војни“.
 
„Сите книги кои беа пријавени беа одлични, за што македонската книжевна сцена треба да се радува.  Романот на Русјаков се одвои од повеќе слојноста, оригиналноста, слоевитоста на исказот, изразот. Не може да се смести во еден жанр, тоа е сложен роман, кој заслужува вакво признание. Намерата на раскажувачот е да ги избегне патетичните Балкански наративни шеми и да создаде свој не раскажан микрокосмос. Ова не е историска приказна, иако сите ликови се запишани во историјата. Делото нуди уникатно уметничко доживување“- рече Јасминка Делова- Силјанова, претседател на жирито.

Добитник на Почесното Рациново признание е српскиот лингвист, универзитетски професор д-р Жарко Бошњаковиќ од  Нови Сад.  Ова признание се доделува за афирмација и  промоција на македонскиот  јазик, книжевноста и културата во странство. Нему наградата му беше врачена во Нови Сад.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »