речник контакт

Реакции за брзото возење по градските улици, во Речани како на Ф1

Реакции има забрзото возење на повеќе улици во градот

Петар Печков

Велешани реагираат на брзото возење. Ова беа поплаки кои во името на граѓаните ги пренесоа советниците на последна седница, на која беше присутен командирот на ПС Велес, Александар Костов.  Брзото возење  се случува на главните улици Благој Ѓорев, 8 Септември, Димитар Влахов, Алексо Демниевски.

„Ако во Велес се гради патека за Ф1 тоа може да биде патот низ Речани ул. Академик Пенчо Давчев, толку брзо се вози таму.  Уште крила им фали да летнат. Движењето на луѓето е по патот, оти нема тротоар.  За потсетување низ Шорка, кај Ветекс  постојано има контроли, сега сите возат по 40 км/ч. имало немало сообраќајци, тоа ни стана секојдневие. Треба така и низ Речани. Ако може почести контроли во овој дел“ - побара Марјан Николов.  

„Имаме сериозен проблем со возачи кои возат над 100 км/ч тоа се со однесува на жителите од соседните села Клуковец и Сливник. Тоа создава несигурност кај жителите на Горно Оризари. Не помнам кога полиција дошла во Оризари. Мило ми е што ја нема, што значи дека е мирно ама ова со бесниве возачи, ја претераа“ - кажа    Менсур Бишевац.

Советникот Ќирил Гајдов реагираше на брзото возење на улиците кон црквата СВ. Спас и тоа што дел од возилата се без регистараски таблички, но и со сомнителен товар.

Пандорка Прличкова побара поголема контрола пред ОУ Блаже Конески во шпицот од 14,30 до 15,40 кога учениците завршуваат со целодневен престој.

За брзото возење по одделени улици во градот,  командирот на ПС Велес, Александар Костов  дека ќе ги пренесе до належените од сообраќајната полиција.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »