речник контакт

Реакции за уличното осветлување, градоначалникот вели се применува одука на Владата за штедење на струјата

Во Општина биле исклучени 10 отсто од уличните светилки

Петар Печков

На последната седница на Советот, како точка на дневен ред беа и советнички прашања. Ружица Николовска го праша градоначалникот - Зошто не функционира уличното осветлување во Велес, иако граѓаните го плаќаат истото?

Градоначалникот Марко Колев појасни дека ваквата состојба е последната половина година и причината е енергетската криза.

„Ја почитував одлуката на Владата  за рационално трошење на електричната енергија и штедење. Како општина се обидовме да одговориме на оваа обврска и ние сме меѓу тие кои прават најмалку рестрикции во земјава. Сите крстосници на влезовите во Велес, кои ги управува ЈП Државни патишта, една година се со редуцирано светло, свети преку една, преку две светилки.  Значи и државата штеди, не само ние. Во дел од општините во Македонија после 22 часот нема улично светло, се гасат светилките. Во општина Центар - Скопје, како најбогата,  работи преку една улична светилка. Решивме 10 отсто од уличните светилки  во Велес да ги угаснеме. Или тоа не се повеќе од 400 светилки на општина Велес, се со цел да се намалат потрошените киловати а со тоа и сметките за струја. Знам дека граѓаните реагираат. Имаме во првата фаза исклучување на светилки во централното градско подрачја а во втората на дел од улиците каде што има светилки кои се на мало растојание, кои блиску една до друга. Не се исклучуваат светилки  во високите зони, во сокачиња. И покрај овие штедења сметката е 3,2  -3,4 милиони денари за месец. Или за 12 месеци општината платила повеќе за 36 милиони денари. На броило граѓаните плаќаат по 180 денари,но кога киловатот беше 50 евра а сега е 150 евра“ - кажа Колев.

При тоа градоначалникот посочи дека се можни на одредени локации, да има потрошени светилки, кои се заменувале тековно.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »