речник контакт

Реакција кабелски оператор

Помина и последниот рок за исклучување, но и натаму кабелскиот оператор \"Телекабел\" продолжува да реемитува телевизиски канали без авторски права потсетуваат од \"Кејбелтел\" најголемиот кабелски оператор во земјава.

Петар Печков

Помина и последниот рок за исклучување, но и натаму кабелскиот оператор \"Телекабел\" продолжува да реемитува  телевизиски канали без авторски права потсетуваат од  \"Кејбелтел\" најголемиот кабелски оператор во земјава. Ова создава нелојална конкуренција со лажно привлекување на потрошувачите кои незнаејќи за состојбата добиваат услуга која е незаконска. За ова  \"Кејблтел\" писмено реагирал до Советот за радиодифузија и Пазарната инспекција.

Иако беше најавено дека после 16-ти ќе бидат превземени мерки за почитување на законските решенија, тоа не се случи. И натаму \"Телекабел\" на корисниците им нуди 10-тина канали за кои нема откупено авторски права, а на дел од програмите оди превод  и титл кој не е на македонски јазик. Тие на овој начин ги мамат потенцијалните корисници, бидјеќи веќе утре тие канали ќе мора да бидат исклучени – велат од \"Кејблтел\" подружница Велес. Ваквата состојба била посебно карактеристична за овој град и дел од Скопје, каде \"Телекабел\" нуди пакет од  60-тина дигитални канали  меѓу тие се наоѓаат и ХРТ 2, Спорт клуб - срспки спортски канали, РТЛ Хрватска, Пинк филмови, Нова ТВ, ДСФ за кои не постои докуметнација дека имаат откупено авторски права за емитување на подрачјето на Македонија. Од \"Кејблтел\" потсетуваат дека тие се странска инвестиција која бара рамноправност на пазарот но дека надлежните домашни институции многу малку работат на почитување на законската регулатива.  Советот за радиодифузија ја разгледувал состојбата по извршениот мониторинг за изминатиот период и на неодамнешната седница изрекол повеќе казни.               

Ова е драстично непочитување на законската реглулатива на кабелскиот оператор \"Телекабел\" . Затоа изрековме повеќе мерки и казни бидејќи нашиот моиниторинг во Скопје покажа дека се реемитувани канали за кој нема авторски права. Мораме  стрикно да го почитуваме Законот, бидејќи тој е еден од условите за влез во ЕУ. Со оваа пракса продолжуваме натаму се додека Законот стрикно не се применува – изјави Зоран Стефановски претседател на Советот за радиодифуизија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »