речник контакт

Реакција на фамилијата Киркови, после десет години се откри на спомен плочата на Гемиџиите, името на еден од нив Костадин, е впишано два пати

Спомен плочата беше поставена во април 2013 година

Петар Печков

На спомен плочата на Гемиџиите, постена кај нивниот споменик кај Малото мовче во Велес два пати е пишано името на Костадин Киров, еден од учесниците во антенатите во Солун, пред 120 години. За ова реагираа наследниците од фамилијата на Киркови.

„Неразбирливо е, несфатливо како можеше никој да не забележи дека името на Костадин е пишано два пати, вториот пат како Константин.  Жално е што нема институција која не реагирала на овој случај. Не дека ние како семејство на сме забележале, но еве по толку години решивме јавно да реагираме. Ниту Костадин има улица во Велес, по која некој ќе го помни. Тоа е случај со повеќето учесници на Солунските атентати родум  од Велес, освен овој споменик,  немаат улици по нивните имиња како младите генерации ќе ја помнат нивната саможртва“  - вели Јордан Кирков.

Од Општина Велес, на поставеното прашање немаа одговор, бидејќи немало документација кога е поставена спомен плочата, ниту кој ја изработил, чие дело е.

Затоа пак ТрМр прелистувајќи ја сопствената документација, откри дека плочата е поставена на 110 годишнитна од Солунските атентати, април 2013 година. Претходната која беше поставена на откривањето на споменикот на Гемиџиите на 2 август 2003, беше со месингани букви, кој често се крадеа, па на  тогаш ново поставената мермерна плоча се испишаа имињата на Гемиџиите.

Градоначалникот на Велес Марко Колев, најави  дека следната година,овој пропуст, кој што бил присутен од 2013 година ќе биде отстранет, со поставување на нова плоча.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »