речник контакт

Реакција од роднокрајните поети од Велес за нивното отсуство од Рациновите средби

Одговор од организаторот, на велешките поети им недостига самоиницијативност и организираност

Петар Печков

52-те  Рацинови средби завршија со доделувањето на  наградите а стигна и реакција од дел од роднокрајните поети од  Велес,  членови на     Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“. Во отвореното писмо кое стигна до ТРМР а потпишано од нивната членка Нада Алекоска, таа со пофалби за новито концепт, но и критика што тие велешките поети  се изоставени. Писмената реакција е пренесена во целост, без интервенции. 

Средбите започнаа со културна манифестација од младите ликовни уметници од Гимназијата „Кочо Рацин“, продолжија со Грнчарски средби, отворање на споменикот „Музата на Рацин“, Настап на ученици на рецитаторки конкурс, Перформанс во чест на Великанот, доделување на награди, промовирање на саем на книга итн. А, така и треба.

Тоа го заслужува големиот патриот, со големо срце што отвора „високи шимшир порти“ за секого и во секое време. Ако може да ја види нашата гордост исткаена кон него преку нашите песни, сигурна сум дека ќе му се стопли душата од љубовта која секоја година му ја праќаме од овие средби. Но, знам и тоа дека ќе почувствува и тој, барем малку, горчина од односот на организаторите на „Рациновите средби“ поради непочитта кон неговите роднокрајни поети.

Имено и оваа година како и неколку претходни, членовите на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес не беа поканети ниту како гости, а да не зборуваме како некои учесници на Средбите. Зошто е тоа така, знаат само оние кои ги „искреирале“ Средбите. Можеби се срамат од велешките поети, којзнае? И покрај се, тие се со Рацин, со неговото дело, сега и секогаш, зашто Рацин не е нечија своина, тој е во душата на секој граѓанин кој го почитува Него и неговото дело-пишува во реакцијата.

Одговорот на  директорот на Рациновите средби, Васил Зафирчев  е дека на велешките поети им недостига самоиницијативност и организираност. И одговорот е пренесен во целина. 

Гостите на манифестацијата се канеа согласно утврдениот протокол на Општината како досегашен организатор. До нашето здружение како организатор на манифестацијата со делегирана надлежност од Општината, досега не стигнала никаква реакција од Клубот на писатели. Како што во изминатиов период не стигна ниту некаков конкретен предлог за евентуална соработка или учество на средбите. Делегација на клубот не се појави ниту на положувањето цвеќе во чест на Рацин, на ниту еден од трите споменици во градот, што говори само за отсуство на нивна организираност и самоиницијативност.

Така што, писмената реакција во случајов е повеќе малициозна потреба од медиумско внимание во отсуство на конкретни предлози и проекти, отколку знак за некаква конструктивност за соработка.Бидејќи промените во манифестацијата не се само програмски, туку и концепциски, особено во третманот кој истата го има кај локалните институции, здруженија и поединци кои должни се да покажат поголема иницијативност во чествувањето на Рацин, а не да чекаат покани за тоа. Таа практика заврши. Барем додека нашето здружение е организатор  - стои во одговорот

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »