речник контакт

Реализирани две превентивни активности „Со тротинет и велосипед секогаш вози безбедно и според правилата“ и „Користи сигурносен појас“.

Двете превентивни активности се реализирани од полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес

Петар Печков

Bо Велес на различни локации,  реализирани две  превентивни активности. Едната беше на тема „Со тротинет и велосипед секогаш вози безбедно и според правилата“, другата „Користи сигурносен појас“. 

„Во рамки на превентивните активности на граѓаните им беше укажано за важноста од почитувањето на правила и прописите, како и значењето од поседување заштитна опрема при управување на електрични тротинети и велосипеди. Им се укажа  на возачите и сопатниците за обврската од користење на сигурносен појас во возилата, а со цел зголемување на личната безбедност“ – соопштија од МВР.

Двете  превентивни активности  се реализирани од  полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес.

Во рамки на активностите бил поделен и едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност– Скопје.

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »