речник контакт

Ревизијата за тужбата Велес против државата, замина за Врховен

Општина Велес и Зелената коалиција реагираат на пресудата од Основниот суд во Велес и Апелација од Скопје, во предметот Велес против Македонија

Петар Печков

Со ревизијата се бара да се укинат  пресудите, првостепената на Основниот суд во Велес и второстепената на Апелација од Скопје и процесот да започне одново. Правниците  на тужителите, Општина Велес и Зелената коалиција, ова нивно барање го темелат насуштествена повреда на одредбите на ЗПП и погрешна примена на материјалното право.

Според тужителите првостепениот суд не ги зел во предвид Физибилити студијата изготвена од Европската агенција за реконструкција и Геохемискиот Атлас изготвен од Природно Математичкиот факултет од Скопје, кои по опсежни реализирани истражувања докажале дека во почвата во Велес, на јавните и земјоделски површини, има големо згадување со тешки метали. 

Тужителите реагираат и на мислењето на судот, дека во времето кога Топилницата работела 1973-та 1990-та година, со тогаш важечките законски прописи не биле предвидени обврски на тужениот,  Република Македонија, која и не била самостојна суверена држава, за надзор врз заштитата на животната средина, туку само на природни реткости. При тоа го цитираат член 87 од глава три , точка 11 од Уставот на СФРЈ од 1974-та година.

Во ревизијата упатена до Врховен суд, тужителот смета дека  Република Македонија не ги презела сите дејствија и мерки кои и се на располагање за на граѓаните на Велес да им обезбеди здрава животна средина. При што се потенцира дека не е преземена мерката забрана за вршење на дејноста на Топилницата, се додека не се презема соодветни конкретни мерки за спречување на загадувањето. Судската пракса вели дека  по оваа ревизија  Врховниот суд може да расправа за три до четири месеци.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »