речник контакт

Регата ,,Гемиџии,, по 12 пат

По реката Вардар повторно ќе заплови гемијата. До Гевгелија по вода ќе се спуштат 70-тина велешани

Петар Печков

Седумдесетина учесници четири дена, од четврток до недела, ќе пловат по реката Вардар на годинешнава  регата ,,Гемиџии 2011”. Таа е 12-та по ред и на осум чамци и една гемија - сплав тие ќе пловат од Велес до Гевгелија. Учесниците ќе ноќеваат во Пеплиште, Демир Капија и Марвинци.

Регатата се организира во чест на десетмината млади велешани, во јавноста познати како “Гемиџиите” кои со нивната саможртва во т.н. Солунски атентати 1903 година, сакаа да го привлечат вниманието на Европа за Македонија. 

Дел од учесниците пловат  по Вардар со гемија -сплав, исто како што пред 150-тина години велешките трговци ја пренесувале стоката, кожа, тутун, вино, памук, афион до Солун. Организатори на регатата се Општина Велес и Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »