речник контакт

Регионален курс за пливачи спасители

36 лица, не само од Велес, осум дена ќе учат за да добијат меѓународен признат сертификат за спасител на затворена површина вода

Петар Печков

Во просториите на Општинскиот Црвен крст започна курс за безбедност на вода и формирање на нова група на  спасители на вода за базени и аква паркови. Курсот го посетуваат 36 лица, бидејќи е регионален не само од Велес, туку и од Неготино, Кочани, Прилеп  и од Кавадарци.   

Сите посетители кои ќе положат се стекнуваат со меѓународен сертификат  признат во цел свет, за спасител на вода. Имаме битна разлика од порано, кога имавме спасители на езера и мориња а ова е за други затворени водни површини – рече Петре Петрушевски,  кој заедно со Љубе Попов и Иле Попов како инструктори и професори по физичко воспитување, се предавачи на овој курс.  

Тој  трае осум дена, седум е теоретска настава е осмиот ден е практичното полагање. Носител на  ова активност е Општинската организација нa Црвениот крст од Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »