речник контакт

Регионален младински иновативен бизнис центар најблиску да добие 123 илјади швајцарски франци

Заврши третата форумска сесија, на која се одлучуваше кој проект ќе биде финансиран од Швајцарската агенција за развој

Петар Печков

Проектот за опремување на Регионален младински бизнис иновативен центар во Велес доби најмогу гласови на третатa форумска сесија со тоа е најлиску да биде финансиран од Швајцарската агенција за развој со 123,7 илјади швајцарски франци.

На второто и третото место според гласовите на учесниците, членови на граѓански здруженија и претставници на локалните власти се најдоа  изградба  на скејт парк со велосипедски и пешачки патеки во Општина Демир Капија и Општина Чашка до изворите на реката Бабуна и трето рангираниот е за реставрација на владетелска палата од четвртиот век п.н.е. на локалитетот Била Зора кај Свети Николе.

Проектот кој доби најмногу гласови  предвидува опремување на неколку простории во веќе изграден објект во сегашната библиотека во Велес, односно опремување на мултинаменска сала, канцеларии за креативни индустрии. Марко Колев директор на Центарот за развој на Вардарски плански регион ја појасни натамошната постапка. 

Проектите ќе се разгледуваат на седница на Вардарски плански регион, со тоа што не може ништо да се менува во одлуките на Форумот на заедницата. Трите концепти  потоа се испраќаат до заедничка комисија на Швајцарската агенција за развој и  Министерството за локална самоуправа која  ќе ги разгледа трите проекти. И ќе одлучува според редоследот како се избрани. Проектот кој ќе мине, еден од нив, ќе биде финансиран  за изведба во наредните шест месеци,  најдоцна до ноември годинава- изјави  Колев.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »