речник контакт

Редици на полноќ, за евтина ајварска пиперка по 35 денари за кг

Цената на пиперката за ајвар, куртовска капија на пазарот се движи од 45 до 60 денари за килограм, во зависност од квалитетот

Петар Печков

Високата цена за купувачите на ајварската пиперка, куртовска капија, е причина  да има побарувачка за неа, ако се најде по поволна цена. Таков  пример имаше во Велес, пред некој ден на пазарот во Нова населба.

Настанот за кој се раскажува низ пазарџиите во градот се случил изминатиот петок доцна навечер пред полноќ. Имено тогаш се создала редица и гужва за ајварска пиперка, која по пристигнувањето бргу била распродадена, оти за заинтересираните имала ниска цена, два пати поевтина од редовната.

„Низ мубает разбравме дека кај 23ч. треба да дојде црена куртовска капија  по цена од 35 денари за килограм. Тоа време отидов на пазарче (станува збор за пазарот во Нова населба з.а.). Чекав но беше забележливо дека има и други лица кои се заинтересирани, отидоцна во ноќта  никој не чека или шета на пазар, без причина.  Околу полноќ дојде комбето и се создаде редица, триесетина луѓе бевме. Цената беше таа што ни ја кажаа 35 денари за килограм. И некој по две други по три вреќи, бргу се распродаде пиперката. Ама ние се снабдивме по ланска цена, толку колку се продаваше минатата година  и ајвар годинава ќе има на трпезата. И зејтинот за разлика од лани падна на 74 денари за литар“ - вели велешанка, која викендов и веќе го подготвила ајварот.

Објаснува дека на 20 кг. се заштедува пари колку да се купат  уште десетина килограми.

Таа се присетува дека на времето пред 30-40 години, се чекало и за млеко и леб и за детергент, но не помни дека имало редици за ајварска пиперка.

Цената на пиперката за ајвар, куртовска капија на пазарот се движи од 45 до 60 денари за килограм, во зависност од квалитетот. Годинава многу и ја нема. Во регионот од Градско, Росоман Сирково, уште пролетта најавија дека ќе има мал род, бидејќи сушата поради хаваријата на системот „Макарија“ уништи дел од расадот.

Проценките беа дека се фрли до 90 отсто од него. Родот и во струмичко на црвената пиперка е мал, поради намалените површини каде се одгледува, родот е оштетен од временските услови - годината се до средината на јули беше дождлива.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »