речник контакт

Редок занает, филигран од срма

Роза Маневска, заедно со уште неколку жени во Македонија се единствените изработувачи на филиган од срма

Петар Печков

Скопјанката Роза Маневска изработува слики од срма, таа е ракотворец осум години. Заедно со уште неколку жени во Македонија се единствените изработувачи на филиграни од овој материјал, додава и единствени во светот. Нивните производи се уникатни, оригинални, ретки и препознатливи.

 

После среброто, срмата е најдобра за изработка на филиграни. Од неа може се да се изработи.   Единствено не е можно ликови, бидејќи тоа е тешко, не  е можно, ќе изгледаат како маска  а потребна е топла боја – вели Маневска. Таа осум години професионално изработува слики од срма и нивно лепење а неодамна се претстави во Велес во рамките на изложба на ретки занаети. Таа се најде во друштвото заедно со грнчари, копаничари, плетачки и везење.  Објаснува дека може се на нацрта, создаде, слики, магнети,  честитки, се што се бара на пазарот.

 

Ова што јас го работам и уште неколку други жени во Македонија, не прави единствени не само во регионот туку и во светот. Затоа моите дела ги има на сите континенти  и во Јужна Америка, Австралија, Африка. Не дека таму сум излагала, туку  се продале и сега красат нечии тамошен  дом – рече Роза.  Освен од сребрана и златна боја, срмата  во последно време  ја  користи за филиграни и во  други бои, со кои работи.  Ги  набавува од Скопје,  Тетово,  Гостивар, кај нејзини познати лица, во кои има доверба. Таа макотрпно работи секој ден а кога паузира  чувствува болка, на очите и грбот.

 

Многу боли грбот и очите додека трае паузата. Затоа и повеќе работам.  Не е тешка работата , но е спора, саат до саат и пол може да се работи на едно седнување. Бидејќи срмата е многу жива, рацете  по некое време почнуваат да се плеткаат во неа, лепакот кој е неостик удара во очи. Потребно е исто толку време одмор, па потоа повторно. Може седум  - осум часа дневно да се работи и за тој период се изработува една пеперутка во текот на денот –објаснува Маневска. За нејзината работа  има интерес, не само странците туку и нашиот народ сите од 7 до 77, најбројна  била популацијата  од 20 до 30 години. Нејзините дела красат бројни домови на функционери и бизнисмени од земјава.

 

Младите   не прашува за цената, доаѓаат ја бендисуваат  и го земаат.  Филиграните  се купуваат како подароци во секоја пригода. Моите дела ги красат домовите на претседателот, на премиерот, на бројни бизнисмени, на Генераштабот на АРМ,  на бројни турски актери од популарните серии  купуваат од мене.  За роденден, за именден, свадба,за вселување во стан – додава Маневска.

 

Ги прераскажува впечатоците на сите нив кога ќе го виделе подарокот, сите имале еден, единствен  коментар воздишка и долго И.  Завршува дека од филигранот од срма  може да се живее, од овој малку непознат и заборавен занает.
     

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »