речник контакт

Режисер Ивановски постави премиери во Романија и Чешка

Тој режираше во Прага и Тргу Муреш

Петар Печков

 По пауза од два месеци во Македонија се врати театарскиот режисер Александар Ивановски, дел од велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,.   И двете премиери беа во театри,  кои се дел од ланецот  национални во двете земји. 

               Што сработивте во Романија, која престава ја поставите?

- Таму ја работев претставата ,,Кризе,, по текст на современ романски автор Цезар Михаи Игнат, кој е доста активен последните години о актуелен.  За овој текст има добиено награда на  светскиот сервис на Би-Би-Си цо 2003-та година.  Две години се преговараше за оваа претстава. Минатата седмица беше премиерата. 

               Каков беше одѕивот по премиерата?

- Приемот беше фантастичен. Имавме краток период за подготовка, за наши услови. Имав фантастични услови за работа,  одлични глумци, уште подобра екипа, голема поддршка од театарот. Претстава која не е за сечиј стомак, но тера на длабоко размислување за  врските со блиските, со домот,надвор од него. На емотивно ниво комуницираше со публиката, отвори дијалог со нив. 

              Што поставивте во Прага?

-Во тамошниот Национален театар, премиерно беше изведена  ,,Мал ми е овој гроб,, на текст од Билјана  Србљановиќ. Таа е познат и прифатен автор, како кај нас Дејан Дуковски, ова е нејзин нов текст. Напишан е минатата година по повод 100 годишнината од Првата Светска војна. Се концентрира на ликот на Гаврило Принцип и луѓето околу него. Многу интересна човечка приказна, нов агол на гледање на работите.  Поврзан со историјата, но не комплетно историски. 

          Како публиката ја прифати претставата?

     -    Претставата ја постави во рамките на новата сцена при Националниот  театар од Прага. И тука имав одлична поддршка од театарот, одлични глумци со кои прекрасно соработував. Проект кој наиде на искрен прием од гледачите. Тоа ме прави задоволен.  

Се надева дека барем, една од овие претстави во догледно време ќе може да види и македонската публика. Можеби ќе се вклопат во програмата на некои од есенските театарски фестивали во земјава.   Претставите се нови, театрите се заинтересирани за гостување во Македонија.  Што се однесува до нова поставка  на претстава во Македонија, Ивановски веќе ја има прецизирано, тоа со неговиот матичен театар, велешкиот ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,. Во август би започнале  копродукција со Словенско Младинско гледалиште, претстава која премиерно ќе биде прикажана во Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »