речник контакт

Режисерката Ристевска од битолчанка стана велешка снаа (фото)

Таа склопи брак со велешанецот Спасе Петрушев, така битолскиот и велешкиот театар сватовски се поврзаа,

Петар Печков

Македонската театарска фела, актери, режисери, технички пеерсонал, во саботата вечер беше на собир во Битола, но не на фестивал, туку на свaдба, каде  лудо се забавуваше на мажачката  на театарската режисерка Софија Ристевска. Таа склопи брак со велешанецот Спасе Петрушев, така битолскиот и велешкиот театар сватовски се поврзаа,   оти младоженецот  е дел од персоналот кој се грижи за техниката во велешки театар.

Ристевска која од минатата година е дел  од велешкиот театарски ансамбл тука  се запозна, за сега да  стапи во  брачна врска со Петрушев. Свадбата беше во саботата во ресторанот Арена во Битола а на веслбата биле безмалку 400 гости, сите колеги од Битолски и Велешки театар, но и актери од театрите од Охрид, Штип, Драмски од соседството од Бугарија и Србија, каде Ристевска има соработувано. 

 Бракот е прекрасен, кога партнерите си ја даваат потребната слобода, за да можат да го зачуваат сопствениот интегритет на личноста, но во исто време, важно е да се има и огромна љубов, трпение и флексибилност. Бракот е како танц на дадена музичка тема, но вариациите секогаш се во избор на парот. Мојот сопруг за мене е сигурен простор, во којшто можам безбедно да се скријам од светот. Затоа и бескрајно многу го сакам - вели Софија.

Целата свадба била под мотото ‘Freedom in a couple’, или ‘Слобода во пар’,  и тематски определена ‘The 80’s are back’, или ‘Осумдесетите се вратија’ а веселбата  била во стилот на осумдесетите години. За забавата биле задолжени две битолски групи Калабалак и Brass Brothers, а имало и ДЏ којшто пуштал хитови од тоа време.  Свадбената веселба била  една голема журка, забава.  

Целиот настан минал  во организација на Агенцијата за организирање на настани ‘Invent Event’ од Битола, на  Марија Додовска и Јасмина Јанчевска, а дизајнер на венчаницата и стилист на младоженецот беше Андреј Папаз Ѓорѓиевски. Кум на свадбата беше Дејан Трипуновски, колега на Спасе  од Велешки Театар, а девер беше Димитар Шутевски, млад театарски режисер од Битола, колега на Софија.

Фотографиите се на Александар Буневски од Twoo Clicks

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »