речник контакт

Резервните офицери со натпревар во гаѓање со пиштол, на стрелиште Оризари

Кај жените победи велешанката Македонка Виларова, севкупен победбник е Кичево

Петар Печков

На стрелиштето кај Долно Оризари се одржа натпревар на резервните офицери од Македонија, на кој се гаѓаше со пиштол, калибар 7,62 мм. Учествуваа околу 110 учесници од повеќе организациони единици од Македонија.

Екипно победник е составот од Кичево, пред Скопје и Охрид, поединечно кај жените победи  велешанката Македонка Виларова, пред Магде Атанасова и  трета беше Никица Бангиева. Кај мажите најуспешен беше Златко Кузманов, втор беше Зоран Мирчески а трет Александар Даниловски.   

Ова беше редовна активност, натпревар, редовен кондиционен тренинг. Учествуваа резервни офицери, подофицери и поддржувачи.

Организацијата беше на  единицата на резервни офицери Велес. Настанот заврши во ресторанот на АРМ на касарната во Велес, Алексо Демниевски Бауман, на традицоначлно гравче. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »