речник контакт

Резултати на велешките екипи одиграни продолжениот празничен викенд

Се одигра 17 коло од општинската фудбалска лига, ФК Бабуна на пат кон Трета лига

Петар Печков

Фудбалерите на ФК Борец во Втората лига, во Битола забележаа нов пораз, 22 од 24 натпревари, од 0:4 (0:1) од екипата на ФК Пелистер. И по ова кола се последни со два освоени бода. Во следното повторно гостуваат, во Струга против ФК Караорман, кој е 10 со 31 бод.

Во Третата лига Југ, во 18 коло ФК Локомотива во Градско одигра нерешено 1:1  со екипата на ФК Слога од прилепско Лажани, која е петто пласирана.    Ова коло   ФК Превалец беше слободен. И двете кипи паднаа за едно место на табелата  ФК Превалец е четврти со 32 бода а ФК Локомотива е 8 со 21 бод . Во следното коло  ФК Локомотива игра повторно дома, овој пат го пречекува соседот на табелата ФК Бучин од истоименото крушевско село, кој е деветти,  додека ФК Превалец гостува во прилепско Обршани против истоимениот противник кој е претпоследен со само 7 бода.  

Во разигрувањето за опстанок во првата ракометна лига, РК Бисинов загуби во Ресен од РК Преспа со 29:22 ( 12:12) екипа која е на второто место. По ова коло помладито велешки лигаш е 5 со 12 бода. Вториот велешки лигаш МРК Борец, кој последен без освоен бод,  игра вечерва  од 19,30 со РК Јехона од Гостивар која е шесто пласирана со 12 бода.

По без малку еден месец пауза, продолжуваат натпреварите од  Првата женска фудбалска лига. Во Велес на Градски, утре среда во 15,30 ч. се игра дербито за опстанок помеѓу ЖФК Борец и ЖФК Шкендија од Тетово.  Играат деветто  пласираните тетовки и десетто пласираниот тим - велешанки,  кои имаат 3 односно 4 бода.

Се одиграа и натпреварите од 17 коло на Општинска фудбалска лига. Постигнати се следните резултати
ФК ГОРСКИ 1-6 ФК БАБУНА
ФК ИЛИНДЕН 1-0 ФК БАШКИМИ
ФК ТОПОЛКА 2-2 ФК МЛАДОСТ
ФК БОГОМИЛА 4-1 ФК ФОРЦА НОВА
ФК ЧАШКА 1-0 ФК СОГЛЕ
ФК МАРТОЛЦИ СЛОБОДЕН
               
                               Т  А  Б  Е  Л  А

1    БАБУНА              15    12    2    1    43/12    38
 2    ИЛИНДЕН (БС)  15    10    3    2    37/11    33
 3    БАШКИМИ (Ј)     16    9    4    3    42/26    31
 4    СОГЛЕ               15    7    4    4    29/22    25
 5    ТОПОЛКА          15    7    4    4    41/35    25
 6    БОГОМИЛА        16    6    6    4    31/28    24
 7    ЧАШКА 2022     16    4    4    8    19/26    16
 8    МЛАДОСТ (В)    16    4    4    8    20/27    16
 9    МАРТОЛЦИ        15    4    2    9    24/28    14
 10    ФОРЦА НОВА   15    4    1    10    24/32    13
 11    ГОРСКИ           16    1    0    15    6/69    3

Резултатите и табелата на ОФС Велес се обезедени со помош на ФК Горски

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »