речник контакт

Резултатски неуспешен викенд за велешките екипи во екипните спортови

Порази за одбојкарите, футсал екипите и кошаркарите

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец забележаа пораз во третиот настап од разигрувањето за титулата. Во Тетово загубија со максимални 3:0 ( 10, 18,21) од екипата на ОК Универзитет Тетово. Ова е трет пораз за велешани во плеј-офот.  Во следното коло, викендов, дома играат со лидерот ОК Џио Струмица. Претходно утре, среда се игра реваншот од 1/4 од Купот, а во Велес ГОК Борец ја пречекува екипата на ОК Шкендија, од која загуби минимално со 3:2 пред една седмица во Тетово. За пласман во полуфиналето на велешани им е потребна победа од 3:0 или 3:1.

Два порази и за футсал екипите од Велес. КМФ Кеги  Моби загуби во Скопје  со 5:1 од екипа на КМФ Арбен Бајрами , која е втора и се бори за шампионската титула. Екипата на КМФ Велес загуби во Скопје од четврто пласираната екипа  КМФ Железарец со 6:2. По ова 12-то коло, прво пролетно КМФ Велес останува седми со 12 бода а КФМ Кеги Моби е  осми со девет бода.   Во следното коло КМФ Велес го пречекува КМФ Арбен Бајрами а КМФ Кеги моби исто така дома игра со КМФ Мал Ајакс од Штип, кој е последен.

Пораз и за второлигашот КК Борец баскет во Куманово, во првото пролетно коло од Втората лига Исток. Велешани загубија од екипата на КК МКК Куманово со 85:80. Во следното коло, викендов играат дома со екипата на КК Ролинг 08 од Струмица. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »