речник контакт

Реиздадена книгата „На Којник дуќан да имам“ на Никифор Смилевски

Во книгата се обработени 35 народни песни, создадени од почетокот до средината на минатиот век

Петар Печков

Повторно е издадена книгата „На Којник дуќан да имам“ од велешкиот новинар, Никифор Смилевски. Иако тој е починат неколку години, а книгата беше издадена на 21 октомври 2014-тата, за неа имаше голем интерес.

Првиот тираж одамна бил продаден, па се јавило потреба од ново издание. Книгата ја отпечати и повторно издаде нeговиот син Лазе Смилевски.

„Поради големиот интерс за книгата, одлучив повторно да биде отепатена во одреден тираж. И како спомен за татко ми, но и за читателите кои се јавуваа и ја бараа“ – рече Смилевски.

Создвањето на 35 народни песни, повеќето од велешко, се содржините на книгата ,,На Којник дуќан да имам,,, од Никифор Смилевски. Песните се љубовни, патриотски, со различна тема. Нив авторот ги собирал цел работен век. Како хроничар на градот, имал можност да истражува за  нивниот постанок.

„Многу е важно да дојдеш до изворот, до авторот, до тој што ја знае прикаската за песната. Неа ја работев долги години, во неа е собран мојот работен ангажман.  Во почетокот јас ги барав а потоа кога ме дознаа, луѓето сами доаѓаа да ми  ја раскажат песната и како таа е создадена – раскажа за живот,  авторот Смилевски, како ја создавал книгата. 

Во книгата се обработени 35 народни песни, создадени од почетокот до средината на минатиот век.   ,,На Којник дуќан да имам,, ,,Елено ќерко, Елено,,  ,,Белото Маре на Цинциови,, ,,Се  посврши Сербез Донка,, ,,Во Влашкото маало жолти куќи високи,,  ,,Миле Поп Јорданов,, За Алабакот,, ,,за Петре Михов,, песни кој се пеат за различни поводи и мигови.

Во книгата е забележано дека голем удел во создавањето на велешките песни имал Арсо кеманџијата, кој како член на Велешката чалгија свирел и пред Султанот. Тој ги опеал Марето Цинциево,  Султана Пулкова, младата маџирка и други. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »