речник контакт

Реизданието на „Дуна“ на репертоарот на 3Д киноверзум (видео)

На репертоарот се и „Недела“, „Аргајл“, „Вонка“ „Аквамен“, романтична комедија „Само ти“

Петар Печков

Оваа седмица седум филмови на репертоарот на 3Д киноверзум во Велес, без премиера.

Нов филм е ДУНА, поточно реиздание на првиот дел а во пресрет пред премиерата на вториот дел.  Филмот кој беше издаден во 2012 имаше голем успех кај публиката, СФ авантура. Филмска екранизација на научно фантастичната новела на Франк Херберт, за синот на благородници на кои им е поверена заштитата на највредниот и највиталниот елемент во галаксијата.

Aмериканската акција „Аргајл“.   Ели Конвеј, интровертна шпионска романсиерка која ретко го напушта својот дом, е вовлечена во реалниот свет на шпионажата кога заплетот на нејзините книги малку премногу се приближува до активностите на злобниот подземен синдикат. Кога Ејден, шпион, се појавува за да ја спаси (така тој вели) од киднапирање или убиство (или и двете), Ели и нејзината сакана мачка Алфи се втурнати во таен свет каде што ништо и никој не е како што изгледа.

И оваа седмица се  прикажува српскиот филм „Недела“ биографски за пејачот Џеј Рамадановски.


Романтичната комедија „Само не ти“  која се наоѓа високо  по гледаност во светото, е филмска приказна за млад пар Бен и Беа, кој по неверојатниот прв состанок  и привлечноста, брзо се оладува, се додека не се најдат случајно во Австралија. И тоа  на свадба кај пријатели. И го прават она што сите зрели луѓе би го направиле - се преправаат дека се пар.

Филмот „Вонка“ кој е меѓу нагледаните во светот и натаму го привлекува вниманието на публиката во Велес.   „Вонка“, музички СФ филм, бајка. Базиран на неверојатниот лик од приказната Чарли и чоколадната фабрика, Вонка ја раскажува приказната за најдобриот изумител, магионичар и чоколатиер и како тој се претворил во Вили Вонка.

Американскиот филм акција,  авантура и фантазија „Аквамен и изгубеното кралство“ . Аквамен ги балансира своите должности како крал и како член на Лигата на правдата, сето тоа додека планира свадба. Блек Манта е во потрага по атлантска технологија за да помогне во обновата на неговиот оклоп. Орм планира да избега од неговиот затвор во Атлантида.

Aнимираниот „Ав,ав, ѕвезда 2: концерт во паркот“.    Кога Боди и неговиот бенд Тру Блу ја напуштаат Снежна планина за да одат на турнеја со поп сензацијата Лил Фокси дознаваат дека славата не е лесна.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »