речник контакт

Реката Бабуна пресуши (фото)

Наместо риби во реката, по нејзиното корито пасат кози

Петар Печков

Три седмици во  долниот тек на  реката Бабуна, таа е пресушена. Поради сушата во половина од нејзиниот  тек вода нема, освен по  некој вир каде се уште се здржала.  Во коритото наместо риби, кај мостот близу село Војница има  кози, кои тука стопанот  ги оставил  да пасат. Наместо реката да служи за наводнување,  мештаните кои имаат имот покрај неа, не можат да  ги наводнуваат површините.  

Од  кај 20-ти август вода нема во реката,  пресуши.  Се уништи и рибниот фонд и растителниот свет, ова е пострашно о се. Вака не  било дваесет  години, реката да пресуши – вели жител  на блиската населба  на  мостот кои води   кон Војница и Ораовец.  

Бабуна е десна притока на Вардар. Таа извира под врвот Солунска Глава на планината Јакупица. Има должина од 65 километри, а нејзиното сливно подрачје зафаќа површина од 612 км2. Но и  покрај тоа што на Јакупица има откриено големи басени со вода, очигледно таа е недоволно реката после селото  Мартолци, до каде ја има, да продолжи да тече.   Од Здружението на спортски риболовци потврдуваат дека реката годинава е пресушена.

За жал годинава има лоши временски услови, малку врнежи и реката Бабуна во еден  дел од нејзиниот тек е пресушена. Ние до пред некоја година имавме концесија на реката, но  ја откажавме од овие причини што  преку лето имаше мало количество на вода, не вака да пресуши. Поради тоа не можеше на неа да се  одвива спортски риболов. Потребна е некоја акумулација за да може  реката  да има постојано вода. Еве откако се изгради акумулацијата ,,Лисиче,, реката Тополка има постојно вода – вели Томе Илиевски секретар на ЗСР ,,Бабуна,,.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »