речник контакт

Реконструирана е Велешката гемија!!!

Љупчо Данов авторот на откритието дека во Велес уште во 1869-та се подготувала пастрмалија, за имињата на старите маала, за фурната на Саздо, открива како дошол до овие податоци. И најавува дека ја реконструирал ВЕЛЕШКАТА ГЕМИЈА која годинава ќе ја претстави

Петар Печков

ТРМР ви донесува разговор со наш сограѓанин,Љупчо Данов, кој веќе неколкупати преку порталот * Ти реков ми рече* изнесува делчиња од историјата на Велес.

Јас Be познавам како електроничар,сервисира компјутери,а ова како ке му дојде?

Па, започна како хоби,а прерасна во страст.Повеке од десeт години собирам податоци, фотографии,факти за Велес. Најпрво започнав со собирање на стари фотографии на Велес.Меѓутоа,открив дека секоја фотографија има своја историја,свој мотив и представува заробен дел од времето кое минува.Ме интересираа приказните поврзани со фотографиите.

Започнавме да контактираме кога ја објавив статијата за имињата на Велешките маала.

Да, видов дека имам и јас интересни коментари и дека луѓето го посетуваат Вашиот портал и ги читаат текстовите.

Потоа ја објавивме сторијата за питата-пастрмајлија!
-Да,воведот е историја.Навистина Велешани на тој начин го избркале про-грчкиот владика Антим.Останатиот дел од приказната се надоврза случајно.Имено,добив еден допис каде се споменува Велес и фактите врзани со овој настан.Тоа беше оригинален извештај кој бил од Велес испратен до Стамбол,а во кој се наведуваат и фактите околу припремата на питата пастрмајлија во Велес.Таму за прв пат се споменува ова јадење и искрено сочувствувам со Штипјани,Неготинчани и другите претенденти  на брендот –пита-  пастрмајлијата, ама ние во Велес имаме најстар и веродостоен документ.

Сторијата е многу интересна.Како и од каде потекнува?

Овој документ,како и многу други ги добив ( и сеуште ги добивам) од една прекрасна личност,која моментално подготвува докторат во Истамбул и има пристап до османлиските архиви.На нејзино барање засега нека биде во втор план.Јас сум и многу благодарен што толку се заљуби во Велес и нашата историја,што просто ме *затрпа* со разни документи,преводи,оригинали.Во Истамбул постојат и опстојуваат неколку Институти ,каде се сместени оригинални документи за Османлиското владеење,не само во Македонија,ами на целата територија на Османлиската империја.Турците вредно ги чуваат документите и многу тешко се иде  до оригинални документи.

Што е темата на докторатот?

Темата е многу интересна - * Влијанието што го извршиле врз турскиот јазик,јазиците на народите под Османлиска власт*. Тоа е најблизок превод.

Има ли интересни моменти и стории во овие документи?

Колку што јас дознав има преку 400.000 страници во кои се споменува Македонија.
Огромно богатство за нашите историчари.Јас не сум историчар и не сум во состојба лично да обработам многу документи,па се ограничив само на Велес.Повеќето материјали се напишани на старотурски јазик и арапско писмо и тешко се преведуваат.Од контактите со некои наши историчари дознав дека и нема во Македонија многу луѓе  кои го владеат и преведуваат  од старо- турски јазик.  Велес во овие рамки се изградил и развивал во времето на Османлиската држава. Освен тоа,тие имале многу добро разработен систем на бележење на сите настани во градот и пошироко.Писарите запишувале се што се случувало во посебни * дефтери*, книги кои биле потоа сочувани и имале *тежина* на историски документи.Тука се запишувале настани,наредби,побарувања,разни случки кои се однесувале на трговијата, животот во градот.

Дали имате некои поинаквипогледи  на стариот Велес,сега кога ги читате тие документи?

Да,мислам дека малку знаеме за тој период.И за периодот после Балканските војни.Со Турците и другите народи и малцинства, Велешани развиле соживот,си помагале,се надополнувале.Велес во времето на Кримската војна ,кога процветала трговијата со гемиите до Солун,прераснал во еден регионален трговски центар.Четириесет и девет занаети имало во Велешката чаршија.Велес во се бил прв – прв театар,класно училиште,прва гимназија,музичко училиште.....

Видов дека работите нешто околу Велешката гемија!

Да,од неколку новопронајдени стари фотографии ја реконструирав легендарната Велешка  гемија.Му благодарам на мојот пријател Сашко Ванов за фотографијата од неговата приватна семејна колекција на која се гледа изгледот на гемијата.Тоа не е сплав,како обично се мисли,туку 7-8 метарски брод кој носи 500-600 килограми терет.Има шестоаголен облик и  многу добри маневарски способности.Со двајца кормилари – гемиџии можела за 3 дена да стаса до Солун. Со помош на неколку пријатели, стручни лица-бродо-моделар,капетан на брод во пензија и мајстор за дрво успеав да ја реконструирам гемијата и веке моделот е готов. Чекам само прилика да ја промовирам- веројатно за време на Велешката регата.Сепак,ке видиме.

Што можеме да очекување во иднина од Вашата работа?

Па ,се надевам сите приказни  и  стари фотографии да ги обединам во една книга и мултимедијално ЦД.Размислувам и за една изложба на графики,но ке видиме.

Дали имате подршка во тоа?

Да,направив некои графики за Општина Велес,подарив доста за хуманитарни цели,на луѓе кои ги знам или прв пат ги гледам.Велет дека се добри.

Имаше некоја интересна сторија за Канада?

Да ,една Велешанка во Канада случјно доби една моја графика  од нејзината стара родна куќа.Имаше доста емоции,позитивни се разбира.

Што  следи, со што ќе не изненадите?.

Да,за сите вљубеници да напомнам дека ке го користам Вашиот Портал да пласирам нови сознанија,нови документи,фотографии..И,само еден апел- доколку имате некоја интересна фотографија која лежи во фиока,во подрум,таван или во некоја кутија во Вашиот дом,Ве повикувам да ја отстапите,да ја покажете,за градот Велес да биде побогат за едно камче во мозаикот на нашата историја.

Имате ли и други соработници,вљубеници во Велес со кои соработувате?

Да,еве да го посочам г-дин Тони Андов –Андата,кој е пасиониран собирач на стари фотографии и разгледници,претежно на Велес,кој ми помага доста и со кого разменувам информации ,фотографии и мислења.
 Во името на бројните посетители на ТРМР и од мене, благодарам за соработката!

 за посетителите тој одвои две фотографии од стар Велес

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »