речник контакт

Реконструирана е фасадата на ОУ Васил Главинов

Прoменeта е и дрвената столарија -47 прозори од училиштето

Петар Печков

Учениците од ОУ Васил Главинов, второто полугодие го започнаа во нови подобри услови за следење на наставата. Во училиштетот  завршија градежните работи на реконструкцијата на старата со нова енергетски ефикасна фасада.

Со новата термо-изолациона фасада се заштедува топлинска енергија и финансиски средства особено во зимските месеци. Истовремено се промени и старата столарија , прозорите со нови ПВЦ.

„Изминатите 60 дена се работеше на реновирање на фасадата и обновена е 90 отсто од неа. Таа е енергетските ефикасна. Реализиран е и друг проект, замена на дрвената столарија со што имаме и звучна изолација“ - кажа Сашко Чоков, директор на ОУ Васил Главинов, училиште кое има најмногу ученици во општината.

За реконструкција на фасадата инвестирани средства во висина од  8,6 милиони  денари. За реконструирање на столаријата 42 прозори од училниците и 5 од наставничка канцеларија,  вложени се 2,3 милиони денари средства обезбедени од Владата. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »