речник контакт

Реконструираниот мост кај Ногаевци, предаден во употреба

Поправката на мостот чинеше 14 милиони денари. Се работеше на него три години

Петар Печков

Пуштен е во употреба мостот што го поврзува селото Ногаевци со Градско,  долг 100 метри, инвестиција вредна 14 милиони денари. Мостот беше срушен од надојдениот Вардар во декември 2010-тата. Жителите на Ногаевци  за овој период мораа да минат преку заобиколен  лош земјен пат, за да стигнат на регионалниот Велес - Градско.

Кон крајот на 2010 почнаа процедурите за изготвување на проектот, во април 2012 стартуваше и изведбата, а мостот е комплетно завршен во мај, јуни годинава - изјави премиерот Груевски при пуштањето на мостот.

Жителите на селото Ногаевци неколку пети реагираа поради непочитувањето на роковите за изградба, па не ги пуштаа и децата на училиште.

Изградбата на мостот одзеде и една човечка жртва. Возачот на камион кој превезуваше материјал за градба, беше удрен од воз  на пругата преку која мора да се мине за да се стигне до градилиштето.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »