речник контакт

Реконструкција на убиството во село Ореше бара Апелација

Судењето во третиот судски процес, откако претходните две пресуди беа укинати е закажано за први јули.

Петар Печков

  Реконструкција на убиството во село Ореше, кое што се случи пре петипол години, побара Апелациониот суд од Скопје за третиот судски процес кој ќе се води за овој предмет, откако го врати на ново разгледување. Повисокиот суд побарал од првостепениот во Велес, повторно да го сослуша заштитениот сведок ,,Бреза,, за да се остранат контрадикторностите во неговите изјави пред истражен судија и на главното судско рочиште, потоа да се обезбедат телефонските листи од комуникацијата помеѓу обвинетиот за нарачател на убиството, Ѓоре Петровски од САД и заштитениот сведок и обвинетите браќа, ново полиграфско вештачење на обвинетите но и  на заштитениот сведок. 

Сите овие насоки се дадени во решението  со кое Апелација ја укина пресудата  кон браќата Ордан и Љупчо Георгиевски, кои беа осудени на по 12 години затвор за убиството на Лазо Милошевски.  Тоа се случи на 2-ри декември 2005-тата и било  сторино по порачка од македонецот кој живеее на Флорида САД Ѓоре Петровски за 20 илјади долари.

Тоа што го побаравме во текот на судењето, како бранители, се покажа дека сме биле во право. Реконструкција на настанот, повторно сослушување на ,,Бреза,, , листинзи од теелфонските разговори, се неопходно потребни за да може да се остранат сите нејаснотии во ,,случајот убиство во Ореше,, - вели Коста Нојков, адвокат на обвинетите.

Браќата Ордан и Љупчо Георгиевски во два наврати беа осудени на по 12 години затвор за убиство, но и во двата случаи Апелација го враќаше предметот на ново судење. Обвинителството како доказ за вината на браќата, кои биле во роднинска врска со убиениот Милошевски, го понудија заштитениот сведок ,,Бреза,, што е прв пат во судската историја во Македонија. Обвинетите за ова дело тврдеа пред судот дека се невини и во критичниот момент на 2-ри декември околу 20,45, кога се слушнале истрелите во Ореше, тие биле во селото Папрадиште, оддалечени половина час возење.

Нивното алиби за обвинителството беше на стаклени нозе, бидјеќи го дале чичковците на Ордан и Љупчо, кои вечерта минале покрај нивната куќа во Папрадиште, се довикувале, но не се виделе меѓусебно. Тие на ова судење ќе се бранат од слобода, откако минаа 27 месеци во притвор, и минаа сите законски рокови до кога можат да останат таму. Според обвинението тие делото го сториле по нарачка од Ѓоре Петровски, кој на тој начин сакал да му се одмазди на Милошевски, бидејќи сметал дека во 1993-тата година, го застрелал но тој прежиеал.

           
   Откако во двете претходни судења им изрече казни затвор од по 12 години а пресудите паднаа, одлучено е и во третиот судски процес да го води судијата Илија Танев.  Тој го закажа терминот, за новото судско рочиште на први јули.


Нарачателот на убиството Ѓоре Петровски се наоѓа во имиграциски притвор во САД. Барањето на македонските власти за екстрадиција на обвинетиот по шест месеци било отфрлено, но американците констатирале дека Петровски 13 години живеел на Флорида, без да има регулиран престој. Така сега двеипол години е во притвор. Имаше најави дека ќе биде депортиран за Македонија, но засега нема потврда на ова, освен дека имиграциониот притвор му е продолжен.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »