речник контакт

Реконструкцијата на железничкиот патен премин на мостот „Гемиџии“ заврши

Од утре недела започнува модернизацијата на патниот премин „Дворови“

Петар Печков

Железничкиот патен премин на нов мост „Гемиџии“ повторно е во функција од вечерва. Минатата недела започна реконструкцијата и модернизацијата со поставување на нови шини и гумен горен слој, за полесно и побрзо минување на возилата.

Работи кои ги изведуваше ЈП МЖ Инфраструктура завршија во четвртокот попадне а вчера и денес се вршеше асфалтирање на пристапот до преминот кое што го обезбеди Општина Велес, по што вечерва тој е повторно отворен за сообраќај.

Следува реконструкција на патниот премин кон "Дворови" која ќе започне утре, недела  а  од ЈП МЖ Инфраструктура најавуваат дека ќе ја завршат до четврток вечер, пред да започнат Велигденски празници.  Во септември лани беше реконструиран железничкиот патен премин кај фабриката „Киро Ќучук.
 
Во наредниот период, откако ќе заврши санацијата во скопскиот железнички јазол,. екипите на ЈП МЖ Инфраструктура ќе се вратат во Велес да ги работат премините кај Горно Оризари, на Стар мост и кај Штипска пруга за Речани.  
 
Оваа инвестиција е заедничка на ЈП МЖ Инфраструктура и на Општина Велес. Освен во Велес се работеше и во Битола и прилеп.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »