речник контакт

Рекорден број на починати во Велес и велешко лани

Тоа е највисоката бројка на починати откако се води евиденција

Петар Печков

Поразувачки се бројките за починатите и во градот Велес и во општината за изминатата 2021 година во услови на ковид пандемија.   Според бројките на издадени дозволи за погреб од страна  на ЈКП Дервен, за градот Велес  лани имало 677 починати, што споредено со 2020-та година е за 93 повеќе.

Или за општина Велес, во која влегуваат и руралните населби  790, 97 повеќе отколку пред 12 месеци. Ова се највисоките бројки на починати во Велес и велешко после војната 1945, откако се води евиденција.  

„Во овие бројки се опфатени сите погреби кои се случиле изминатите 365 дена.  Податоците се за издадените одобренија се однесуваат за гробните места од двете цркви, новите гробишта во Раштани и за муслиманските гробишта, како и за гробиштата во сите села од велешко. Тоа е погребани сограѓани кои починале и во други градови, старечки домови, болници, лица кои починале надвор од државата, но се донесени да се погребат во родниот крај“ - велат од ЈКП Дервен, кој ги издава овие одобренија.  

Докторите кој ги контактираше ТрМр, не сакаaт да коментираат на што се должи вака високиот број на починати во градот и околината, со оправдување, дека секој поединец е со своја животна приказна и не може да се генерализира.  

За илустрација во 2018-та година за Општина Велес биле издадени  528 одобренија за погреб, од нив 473 биле во градот Велес 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »