речник контакт

Рекордни 2,6 илјади интервенции имала службата за Итна помош од Велeс, во месец јули

Повеќето пациенти имаат зголемена температура, со гастроинтестинални тегоби, со проливи, повраќања. Останатиот дел се хронично болни

Петар Печков

Рекордни се бројките на интервенции на екипите на Итната помош и домашни посети од Велес за изминатиот месец јули, споредбено со претходните години. Во тој период имало 653 домашни посети а од нив 143 пациенти се упатени во Болница. Овој месец во амбулантата, докторите  имале 1.964 прегледи.

„Во месец јули имаме зголемен број на интервенции и во амбуланта и на терен.  Се бележи зголемување на број на пациенти кои доаѓаат во амбуланта да бараа лекарска помош. Повеќето пациенти имаат зголемена температура,  со гастроинтестинални  тегоби, со проливи, повраќања. Останатиот дел  се хронично болни. Пациентите се од сите возрасни групи, но најголем дел се од највозрасната популација“ - кажа д-р Василка Пановска, началник  на   Итната помош при Здравен дом Велес.

Во летните месеци се зголемуваат и  бројот на интервенции за  сообраќајни несреќи. Изминатиот месец имаше две со по еден  смртен случај. Службата за итна помош од Велес, го покрива  делот од автопатот на делницата  Катланово - Градско. Овој период вообичаено во градот, има зголемен број на сообраќајни незгоди, каде се повредени  млади мотористи.

Службата за Итна помош освен пациенти од Велес и велешко, излегува  на терен и во соседните општини Градско и Чашка. Така се случува кога има потреба, да патуваат и по еден час, ако се јави пациент за домашна посета од селата во регионот на Азот, од Нежилово, Ореше, Папрадиште.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »