речник контакт

Рекордни седум нови случаи денес во Велес

На Инфективно одделение има 25 пациенти, еден пациент од Велес е на Инфективна клиника од Скопје еден од Каратманово во ГОБ 8-ми Септември

Петар Печков

Седуммина нови случаи позитивни на ковид-19 во Велес регистрираше Министерството за здравство, има и тројца оздравени. Со ова  бројот на активни случаи во велешко достигна 36 лица. Ова е највисока бројка на ново регистрирани случаи во еден ден, претходно имаше шест случаи на 16-ти септември.

Петмина од новите случаи се мажи и две се  жени. Четири случаи се од вработени во Кавадарци и Скопје, еден е од член на семејството и двете лица не можат да посочат од кого се заразиле. Има и тројца оздравени, двајцата се од домашно лекување, еден од Инфективно одделение - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.

Досега во велешко има регистрирано 348 случаи на лица со корона вирусот,  296 оздравеле и 16 се  починати. На Инфективно одделение   има 25 пациенти, еден пациент жена  од Велес  на 65 годишна возраст е на Инфективна клиника од Скопје, една од Каратманово (66 год) во ГОБ 8-ми септември.

Од хоспитализираните пациенти, 24 се потврдено позитивни, еден е сомнителен. Петмина пациенти се на кислородна поддршка, испишани се двајца пациенти еден од Велес и еден од Кавадарци.  Има и две случаи кои се примени денес, еден од Велес и еден од Свети Николе - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »