речник контакт

Рекреативците реагираат не се почитува забраната за сообраќај низ Градски парк во попладневните часови

Забраната за сообраќај, за овој период од годината, од мај до август е од 5 до 8 часот наутро и од 18 до 21 ч попладне

Петар Печков

Поединците кои овие пролетни денови рекреираат во попладневни часови, реагираат дека улицата која минува низ Градски парк, ја користат сопствениците на автомобили.  Тоа им ја ограничува слободата но и стравуваат по безбедноста.

„Попладне после 18 ч. кога рекреирам, има толку многу возила и мотори, што е невозможно да се спортува. Иако во тој период е забранет сообраќајот, возачите не ги почитуваат сообраќаниот знак и режим. Не знам зошто сообраќајната полиција не реагира“ - велат рекреативците.  

На поставеното прашање до локалната власт, дали има промена на режимот на сообраќај, низ Градски парк, одговорот беше дека е истиот што е донесен во септември 2018-та.

„Нема промена на режим на сообраќај низ Градски парк“-одговорија од локалната власт. За нејзина примена е надлежна сообраќајната полиција при СВР Велес.

Забраната не важи за возилата на брзата помош, пожарната и полиција.  Таа за овој период од годината,  од мај до август е од 5 до 8 часот наутро и од 18 до 21 ч попладне.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »