речник контакт

Реми дома, во дербито за футсал екипа на КМФ Кеги моби

Во дербито загубија на домашен терен фудбалерките а победа во гости за кошаркарите

Петар Печков

Пораз за фудбалерките на ЖФК Борец во Првата женска фудбалска лига, откако на домашен терен загубија од водечката ЖФК Скопје со 0:1.Тоа беше натпревар за врвот на табелата, во кој повторно велешанки не покажаа резултатска позитива и покрај најавите за борба за титулата.  Голот гостинките го постигнаа во 75-та минута. Велешанки од 70-та минута играа со играч помалку, беше исклучена Јовановска.

Овој натпревар требаше да се игра минатиот викенд, но теренот во Скопје беше поплавен, па екипите решија да го играат денес, но во Велес  а напролет да се игра во Скопје. Со ова завршија натпреварите од првиот есенски дел. ЖФК Борец по 11 кола се најде на 5-тото место со 21 бод, шест помалку од водечките ЖФК Тиверија и ЖФК Скопје, кои славеа на дерби средбите во Велес.

Во дерби средбата од Втората футсал лига, во Велес, во салта Гемиџии екипите на КМФ Кеги Моби и КМФ Форца од Куманово одиграа нерешно, 1:1 домаќините поведоа во 8` минута а  гостите израмнија во 33-та. Ова беше прв натпревар од оваа конкуренција, од 8-то коло.

Победа за кошаркарите на КК Борец баскет на гостувањето во Битола, против фенерџијата КК Хераклеја. Велешани славеа со  72:86 за прва победа во гости сезонава, вкупно петта. Ова беше прв натпревар во 11-тото коло од Втората лига, последно есенва.

фото Радица Дукова

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »