речник контакт

Реми за футсал екипата на КМФ Кеги моби на гостувањето во Скопје, во Првата лига

Порази за фудбалерките на ЖФК Борец во Прва лига и за фудбалерите нa ФК Борец во Втора лига

Петар Печков

Реми за футсал екипата на КМФ Кеги моби во Првата лига, порази за фудбалерките на ЖФК Борец во Прва лига и за фудбалерите на ФК Боерц во Втората лгиа. Ова се резултатите на велешките фудбалски екипи овој викенд.

 Во 10 коло од Првата футсал лига, во Скопје КМФ Кеги моби играше нерешено со екипата на КМФ Железарец 3:3 (1:1). Ова беше натпревар од вториот круг на првенството и велешани одземаа бод на скопјани, кој во октомври на стартот, славеа во Велес. По ова коло КМФ Кеги моби останува на 4-тото место со 14 бода. Во следното коло гостуваат во Струга, на екипата на КМФ Енхалон, која е последна со две победи и шест бода.

Во 10-тото коло од  Првата женска фудбалска лига, во Велес, ЖФК Борец загуби со 0:1 (0:1) од екипата на ЖФК Речица. Ова беше значаен натпревар за двете екипи од дното на табелата, во борбата за опстанок, оти домаќинките имаа 3 а гостинките 4 бода. Славеше ЖФК Речица а велешанки останаа 10-ти. Во последното есенско клоо, следниот виекдн ЖФК Борец гостува во Прилеп на ЖФК Деспина, која е 4-та со 21 бод.

 Во 14 коло од Втората лига, на домашен терен ФК Борец е поразен од екипата на ФК Гостивар со 0:2 (0:1), новиот лидер во оваа конкуренција. И по ова коло, велешани се последни без ниту еден освоен бод. Во последноот есенско коло, следниот викенд, гостуваат во Охрид, кај ФК Воска спорт, која е трето пласирана со 31 бод, три помалку од лидеерот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »