речник контакт

Реновиран пензионерскиот дом (фото)

Подобри услови за пензионерите од градот. Подлени беа 180 велигденски јајца

Петар Печков

 Пензионерскиот дом е реновиран. Ббновена е салата каде тие се дружат, забавуваат и минуваат дел од слободното време. Таа има капаците од стотина столици и во тек е набавка и на нов инвентар.

Обновена е трпезаријата, која ќе се дава бесплатно на пензионери со слаби приходи за домашни слави, парастоси, и други фамилијарни моменти. Поставени се четири телевизори, обновени се санитарните јазли а има и посебна просторија за љубителите на шах.

 Се што прибираме како средства ќе  ги вложуваме во објектот. Тие се од пензионерите и ќе бидат за нив. Немаме потреба од добивки, ќарови, за кого ќе ги чуваме тие пари.  Ова е прв чекор, ќе следи уредување и на дел од становите, подрумите, како и на просториите на пензионерите во урбаните заедници, но и во Градско, Чашка, Богомила - рече Велеа Алексовски, претседател на Здружението на пензионери до Велес. 

 На отворањето на реновираните простории настапи и пеачката група ,,Пензионери,под водство на Димче Митрев. ж Жените пензионерките пак под водство на Неделка Ѓорѓиевска офарбаа и поделија 180 вапсани велигденски јајца. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »