речник контакт

Репертоарот на велешки театар за февруари со 13 изведби на девет претстави и едно гостување

Февруари три изведби на новата претстава „Не можеме да платиме, нема да платиме“

Петар Печков

Девет претстави се на репертоарот на велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во месец февруари со 13 изведби и едно гостување. 

Три пати ќе биде одиграна новата претстава на Елеонора Теова во драматизација на Катерина Момева, „Не можеме да платиме, нема да платиме“, која ќе се одигра на 6-ти, 7-ми и 18-ти февруари а имаше затворена премиера на крајот на декември. Претставата се игра на мала сцена. 

На репертоарот со две претстави е „Синиот портокал“  на 9-ти и 20-ти, исто како и „Мало невино убиство“ на петок 13-ти и 28-ми февруари. Ќе бидат изведени и „Госпоѓа министерка“ на 11-ти, „Вечера за глупаци“ на 21-ви, „Мајка“ на 12-ти, “Татко“ на 25-ти и „Лепа Ангелина“ на  26-ти февруари. Гостување на театарот Златен Елец со претставата „Добри луѓе“ во која настапуваат велешаните Тијана Трајчевска и Филип Христовски. 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »