речник контакт

Републичкиот парламент денес го доби седмиот пратеник од Велес, во овој мандат

Даниела Стојановска Пановска од СДСМ е нов член на највисокото законодавно тело во земјава

Петар Печков


Во републичкиот парламент влезе седмиот велешанец  Даниела Стојановска Паноска.  Тоа е највисока броја на парламентарци кои се родум велешани и повеќето до нив долго време живееле во градот.  

Даниела Стојановска Пановска доаѓа  од листата на СДСМ  од изборна единци   3 (три) на местото од Зеќир Рмчиловиќ, кој стана амбасадор во Црна Гора. Дитмире Шеху, потпретседател на Државната изборна комисија информира дека Стојановска – Пановска во предвидениот рок ја известила ДИК дека го прифаќа пратеничкиот мандат, по што ДИК издаде уверение за избраниот пратеник Даниела Стојановска – Пановска.

Попладнево претседателот на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Панчо Минов се заблагодари на Зеќир Рамчиловиќ за досегашната работа како пратеник во Собранието, а на новата пратеничка и посака успешна пратеничка работа и функција.

Така пратеници  од Велес и велешко  во Собранието се Ненад Коциќ и Мухамед Кадриев (од Горно Јаболчиште)  од коалицијата на  СДСМ, Игор Здравковски и Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ,  Љупчо Пренџов како претставник на политичката партија ГРОМ, Димитар Апасиев од политичката партија Левица.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »