речник контакт

Републичко признание за медицинските сестри Петрова, Арсова и Василева

Признанијата се за нивната долгогодишна и посветена работа а по повод неделата на сестринството и акушерките

Петар Печков

Три медицински сестри од Велес, се меѓу наградените на државно ниво а по повод неделата на сестринството и акушерките која се одржа од 5 до 12 мај. На централната прослава одржана во Скопје, три здравени работници од Општа болница Велес и Здравен дом Велес добија признанија за нивната долгогодишна и посветена работа. Тоа се Билјана Петрова  од болница и Рада Василева од Уред.

„Се посветив целосно на работата со пациентите, на нивното здравје. Тешко е да се работи во здравството и да се подига семејство, но се се` може ако се сака. Наградата е признание за мојата работа“  - кажа   Билјана Петрова која работи на детско одделение и има стаж од 41 година а до крајот на годинава ќе замине во пензија.  Таа работела и на инфективно одделение, сега е на замена на  неонатологија.

„Цел работен век од 27 години го минав на Инфективно одделение а сега половина година сум на Интерно. Периодот минат како медицинска сестра покажува дека се може. Задоволството од работата е над критиките кои  се добиваат и ќе ги има. Кога ќе завршам, со оваа работа некои колешки  ќе ми недостигаат, бидејќи биле дел од мојот живот. Има моменти кога некои од пациенти ќе не сопре, ќе се заблагодари, но такви се се` поретко. Наградата ми значи во делот, дека сум помогнала на некои луѓе и тие тоа не го заборавиле“ - реча Валентина Арсова.          

"Чест и гордост ми  е што сум медицинска сестра и што го фобивам ова признание. Тоа е признание за вложувањата што сум ги дала во работата. Ме прави среќна како исто како што ме прават среќна непознатите за мене на кои сум им помогнала, но тие ме помнат" вели Радмила Василева. Таа има 40 години работен стаж, работи во службата за Итна помош а претходно била во детска превентива и стоматологија.

Ружица Нацева претседател на     Општинското здружение на медицински сестри и техничари, акушерки на Македонија, за Велес.

„Годинава 5 мај меѓународниот ден на акушерките се одбележа  под мотото „Повторно заедно од докази од реалност“ а 12 мај меѓународниот ден на медицинските сестри под  мотото „Нашите медицински сестри, наша иднина, инвестирај, заштити, почитувај вреднувај“. Нашите проблеми, како здравствени работници, постоеле, постојат и ќе постојат“ - рече Нацева.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »