речник контакт

Рестарт и плата до петок или

Вработените во АД Киро Ќучук повторно по своето сработено. Фабвричкиот синдикат откако 10 години го поддржуваше претходниот директор Камчев, се разбуди од зимскиот сон

Петар Печков

Рестарт на фабриката и исплата на заостанатата плата побараа вработените во велешката керамичка индустрија АД Киро Ќучук по вечерашниот протест и средба со новото раководство на  друштвото. Велат дека доаѓаат празници а тие немаат пари да ги платат комуналните давачки, па лесно може да се случи  да им ја исклучат струјата бидејќи веќе имале по три заостанати сметки и Новата година да ја дочекаат во темнина.

Со писмено барање доставено до раководството, сакаме да добиеме вистински и точни податоци, кога ќе започнеме со работа, кога ќе ни биде исплатена платата за октомври, која ја сработивме и каков е статусот на вработените. Побаравме до четврток да  се исполнат двата главни  услови, работа и плата, тоа  е последниот рок – изјави  Митко Николов претседател на синдикатот во фабриката. Доколку тоа не се случило, во петок ќе биде блокиран влезот во друштвото. 

Ова е прв пат синдикатот во фабриката да  реагира поради состојбите во друштвото, иако истиот тој во десет годишното владеење на претходното раководство и директорот Киро Камчев  ниту еднаш не реагираше поради 18-те неисплатени плати. АД Киро Ќучук не работи три месеци поради исклучената струја поради  за неплатени сметки за електрична енергија за милионски долг.  Новото раководство најавува дека работи  на обезбедување пари за исплата на плати и започнување на производниот процес.

Навистина жалам што работниците се во ваква состојба но јас за тоа ни малку не носам вина.  Наследените огромните милионски долгови кон доверителите и државата мора да се платат. До крајот на годинава вработените ќе ја добијат таа плата и очекувам дека ќе  започнеме со работа – изјави за , Јадранка Спасовска извршен директор. 

Во овој четиримесечен период новото раководство успеало да го намали долгот кон УЈП за ДДВ и персонален данок од 240 на 180 милиони денари, но затоа голем е долгот кон Фондовите на ПИОМ  80 милиони и здравство за неплатени придонеси со 12 милини денари. Тоа, заедно со неисплатени 18 плати,  е оставина од десетгодишното владеење на претходниот директор Киро Камчев.  Тој заедно со Зоран Заев, кој е сопственик на дел од имотот на Киро Ќучук се најголемите акционери во друштвото, кое вработува 230 работника.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »