речник контакт

Ресторанот на винарницата „Стоби“ меѓу најдобрите во земјава

Ресторанот на винарницата „Стоби“, доби четири ѕвезди - највисоката категоризација што ја доделува комисијата за категоризација на угостителски објекти при Министерството за економија

Петар Печков

Обученоста и подготвеноста на персоналот на „Стоби“ да им одговори на сите прашања на гостите во врска со вината, храната и со начинот на приготвување се истакнати како еден од најбитните елементи при доделувањето на највисоката категорија.

Одлична оценка доби и инвентарот во ресторанот, како и приборот за јадење од најпознатите светски производители на порцелански садови („Баушер“) и сребрениот прибор за јадење полиран со специфичен не’рѓосувачки челик, кој истовремено дава исклучителна тврдост и висок сјај. Највисока оценка  доби и барот.

Утврдено е дека во кујната се работи со модерни апарати и професионална опрема и, што е исто така важно, дека персоналот ги почитува највисоките стандарди за чување на храната и на инвентарот. Претставниците на комисијата за категоризација на угостителски објекти при ненајавената контрола иле  импресионирани од беспрекорната хигиена во сите делови на ресторанот на „Стоби“ благодарение на секојдневното спроведување на утврдените процедури.

За се ова тој ја доби највисоката категоризација која да се поседува во Македонија, четири ѕвезди и со која можат да се гордеат малку угостителски објекти  во земјава.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »